Андреа го враќа и снегот - Обилни врнежи во Македонија

Снегот на Балканот го враќа моќната Андреа на самиот почеток од следната недела и тоа поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север, врнежи од снег повторно се очекуваат на повисоките места низ регионот каде ќе има нови услови за формирање на снежна покривка. Исто така се очекуваат и доста интензивни врнежи од дожд и тоа особено во соседна Србија, Босна и Херцеговина како и во Хрватска со што може дса дојде и до локални поплавувања во текот на следната недела, анализира Славчо Поповски.

Кај нас пак во Македонија од недела попладне и навечер па натаму под влијание на АНДРЕА врнежите значително ќе се интензивираат и локално се очекува значително количество на воден талог па токму поради ова има услови за зголемување на нивоата на реките и на езерата низ државава, локално ќе има и нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер како и појава на град додека пак поради падот на температурите на воздухот следната недела повторно на највисоките планини има услови за нови врнежи од снег.

Во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека пак овчарите своите стада овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега