Бранимир Јовановиќ се повлекува од Министерството за финансии

Бранимир Јовановиќ попладнево преку Фејсбук соопшти дека се повлекува од Министерството за финансии, дека одлуката ја донел одамна, но чекал да се завршат изборите за претседател.

– Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии, напиша Јовановиќ на Фејсбук и ја обелодени свјојата одлука, додавајќи дека ќе се посвети на семејството.

Инаку, тој пред две години беше ангажиран во Министерството како советник за финансии.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега