Четири непознати лица претепале момче кај поликлиниката Ченто
Рано утринава во 02 часот и 35 минути, 22- годишниот Б.Л од Скопје пријавил дека nа 11.05.2019 година, околу 01,55 часот пред поликлиниката Ченто, физички бил нападнат од страна на четири непознати лица кои што повеќе пати го удриле со тупаници во пределот на главата и телото,со што му нанеле видливи повреди, црвенило и оток во пределот на лицето.
Според пријавата, до физичкиот напад е дојдено без повод и причина, односно додека истиот се движел пеш по улица “Маџари“, од позади му пришле четирите лица на возраст од 18 до 24 години и физички го нападнале по што се качиле во патничко моторно возило марка “Рено Модус“ и заминале од местото на настанот.
Се работи на расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа