Почина затвореник од „Идризово“ осуден за убиство
Педесет и четиригодишниот затвореник Џенгис Џемаил од Идризово, вчера починал на скопските клиники, од инфаркт, јавува „Фокус“.
-Затвореникот во петокот беше примен во „Идризово“, бидејќи претходно беше во притвор. Во неделата му се слошило, по што бил однесен во болница, вели директорот Мојсоски.
Џемаили беше осуден на 20 години затвор за убиство, а на повтореното судење казната му била намалена на 13-години затвор.
13.05.2019 - 10:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа