Пукање во Прилеп - Ги нашле со повреди на главите

 

Околу 03.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле  затекнати 43-годишниот М.М. од Прилеп и 28-годишниот О.И. од село Лажани, прилепско, со повреди на главите.

Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега