Трагедија: Македонец загина во сообраќајка во Хрватска

Еден македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска во 12 часот и 35 минути на автопатот А3 во Хрватска, јавија локалните медиуми.

Се судриле македонски камион и автобус од Босна и Херцеговина, при што Македонецот веднаш загинал, пренесе Индекс.хр.

Во автобусот полесно се повредени 15-ина патници, од кои осуммина се пренесени во болница во Нова Градишка.

Во тек е увид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2019 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега