Детали за сообраќајката во која загина македонски камионџија

Во судир на камион и автобус што се случил на автопатот А3 меѓу Новска и Окучан во Хрвaтска, загинал македонски возач на камион, а десетина патници од автобусот се префрлени во болница. Двајца од нив се задржани на лекување, објавува хрватскиот портал „Индекс“. Камионот бил со македонски регистарски таблички, додека автобусот бил од Босна и Херцеговина.

Првичните информации говорат дека камионот се забил во задниот дел на автобусот, којшто нагло закочил поради претходната несреќа. Камионџијата загинал на лице место.

Како што пишуваат хрватските медиуми, во автобусот се превезувале босански работници, кои од БиХ патувале кон Германија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2019 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега