Утрово се преврти возило со три лица во скопски Карпош- пожарникарите интервенирале на лице место

Сообраќајна несреќа се случи утринава во Скопје во близина на Катастарот во Карпош, објавува Вечер.

Едно од возилата се превртело, па пожарникарите биле повикани да интервенираат. Како што информираше командатот на Бригадата за противпожарна бригада Владимир Симоновски во превртеното возила имало тројца патници, но тие не биле заглавени.

-Пожарникарите не мораа да интрервенираат со алат за сечење на возилото. Успеаја да ги извлечат патниците. За среќа сите се добро, објаснил Симоновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега