Комбе удри жена во Кичево, итно пренесена во болница

Осумдесет и тригодишна жена од Кичево е тешко повредена откако вчера во неа удрило комбе „фиат добло“ на улицата Маршал Тито во Кичево. Комбето го возел З.П.(55) од Скопје.

Жената со тешки телесни повреди била итно пренесена во Медицинскиот центар Кичево, по што била препратена во специјална болница за ортопедија „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега