Детската игра се претвори во трагедија: Се удави 14- годишно девојче

Во очекување на нови дополнителни информации за утринската трагедија на базенот на излезот од Битола, Нова Македонијанеофицијално дознава дека детска игра се претворила во трагедија.

Две девојчиња на возраст од 14 години, во својата детска игра почнале да се туркаат крај базенот, но никој од присутните не ни насетувал дека играта за кусо може да се претвори во трагедија, пренесува порталот „Нова Македонија“

По некое време, занесени во играта и двете девојчиња паднале во вода. Едното кое не знаело да плива го фатило паника, но веднаш интервенирале присутните и го извлекле живо и здраво. Во мешаницата која настанала, останува нејасно како никој не го забележал второто девојче, за кое се тврди дека знаело да плива, но кое од неразбирливи причини потонало на дното на базенот и таму останало.

Дури откако се расчистила мешаницата, безживотното тело било забележано и извлечено, но веќе било доцна за да му се помогне.

Засега не се соопштува идентитетот на удавеното девојче, а полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега