Влатко Ѓорчев во работна посета во САД

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, престојува во САД, каде е во работна посета.

Ѓорчев на оваа работна посета оствари средба со неколку важни конгресмени и пријатели на Македонија.

-Одлична средба со конгресменот Richard Hudson. Добар состанок и срдечен пречек. Го информирав за актуелните состојбите во Македонија и зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на претстојните избори на 12-ти април. Заедно се согласивме дека се потребни фер и демократски избори, со почитување на највисоките стандарди на ОБСЕ. Когресменот Хадсон доаѓа од Северна Каролина, а во неговата изборна единица е сместена најголемата воена база на светот Форт Браг со 50.000 војници и помошен персонал. Вооружените сили на Македонија и САД ќе продолжат интензивно да соработуваат како сојузници во НАТО алијансата, дополнето се силна билатерална соработка. ВМРО-ДПМНЕ интензивно ќе работи на развивање на односите со САД, како и европските земји. Благодарност до конгресменот Хадсон за можноста лично да ми ја покаже и раскаже историјата на зградата на Конгресот и Сенатот на САД, напиша Ѓорчев на Фејсбук.

Тој исто така објави и дека остварил средба со конгресменот Robert Aderholt кој е истотака силен пријател на Македонија.

-Со него се познаваме веќе 12 години и одлично ја познава состојбата во Македонија. Неколку пати ја има посетено нашата земја. Го информирав за актуелните состојби и за претстојните парламентарни избори на 12-ти април. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги гради и развива билатералните односи помеѓу Македонија и САД, објави Ѓорчев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2019 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа