Рангелова: Ако ВМРО-ДПМНЕ сака победа треба да заборави на задкулисните игри

Не се согласувам со политиките на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа не очекувам да бидам дел од кандидатите за пратеници. Ова вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го истакна Даниела Рангелова од ВМРО -ДПМНЕ.

-Јас сум во ВМРО-ДПМНЕ. Со самото мое давање на оставка од политичките функции, свесно напуштив за да кажам дека не ја поддржувам политиката и нечесно би било доколку јас не ги поддржувам овие политики да очекувам да се најдам на листа на ВМРО-ДПМНЕ. Нормално е ако не ги почитувам политиките да кажам терајте ако ви е во ред политиката, дај Боже да победите, сепак тоа е мојата матична партија. Но, мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ако сака да победи на овие избори прво треба да се сконцетрира на програмата, да има чесен пристап кон граѓаните и да заборави на задкулисните игри, вели таа.

Додава дека не ретко се случува како политичка партија да немаат ставови.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега