ВМРО-ДПМНЕ: Со криминалот на Заев не е можно да станеме дел од ЕУ

 

СДСМ и Зоран Заев се виновниците кои му дадоа аргументи на Макрон да ја блокира Македонија. Ова денеска го велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    -      Криминалот, корупцијата и рекетот кои станаа поим за Македонија под власта на Зоран Заев се главната причина поради која Македонија не отпочна преговори. ВМРО-ДПМНЕ стори се што е во негова моќ да лобира за Македонија, при сите средби со странски претставници, но и кај нашите сестрински партии од ЕПП.   Зоран Заев кој е најмногу повикан од позиција на власт да обезбеди правна држава не го направи тоа. Не го направи затоа што главата  на криминалниот октопод е токму тој и луѓето околу него. Во ЕУ не се оди со криминални тендери, рекет и корупција во секоја пора, велат ВМРО.

          Македонија заслужува да биде дел од ЕУ, но тоа со Зоран Заев видовме дека не е можно. Токму затоа Зоран Заев и ќе си замине од власт на 12 април.

       -   По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, додаваат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега