ФОТО: Бодибилдер се верил со секс кукла на дување - вели дека ја спасил од човек со нечесни намери
Актерот и бодибилдер Јуриј Толочко неодамна ја запросил „девојката“ Марко на прилично традиционален начин - ѝ подарил букет рози и се спуштил на колена среде романтична вечера додека саксофонист им ја свирел најдрагата песна, а среќната вест ја објавил на Инстаграм профилот на Марго, инаку секс кукла во природна големина.
Постот бил проследен со опис во кој Толочко опишува што според неговот мислење е идеален однос меѓу маж и жена и им се обратил на припадниците на понежниот пол:
„Ако ова го читате, ќе отидете до својот маж и ќе го развеселите, поради сите страдања кои ние жените пред вас сме го донеле...Чешкајте му го грбот, дадете му комплимент за мајка му, кажете дека му е голем...умот“, напишал Јуриј кој на својата Марго после веридбата ѝ организирал и моминска забава во кругот на пријателите, а пред веридбата ѝ платил пластична операција за да не биде оптеретена со своите „мани3.
„Почна да развива комплекси“, објаснил тој неодамна, откако на Инстаграм објавил нејзини фотографии,после кои Марго добила многу критики и станала искомплексирана, па парот заедно донел одлука да она направи некакви промени.
И иако не открил што Марго променила на себе, сепак кажал дека сега е поинаква.
„На почетокот беше тешко да се прифати промената, но подоцна се навикнав затоа што таа е сега посреќна“, рекол тој.
Јуриј и Марго се во врска осум месеци, откако тој, како што вели, во едно кафуле, откако како што вели тој ја „спасил“ од друг маж со помалку чесни намери. А, колку и необично да изгледа нивната љубов, има многу парови како што се Марго и Јуриј.
Во последните неколку години има многу повеќе парови помеѓу маж и секс кукла, особено о Јапонија каде технологијата е напредна, па во последно време куклите ги заменуваат уште и реалистичните роботи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа