Боки 13 со насмевка се појавил на судење

 

Денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“.Адвокатот Сашко Бошков е првиот сведок кој ќе сведочи на рочиштето за случајот.

Бојан Јовановски од Истражниот затвор во Шутка со доцнење од 20 минути со полициска придружба пристигнал на судењето, пренесува МКД.мк

За разлика од претходните рочишта, како што информира МКД.мк, тој изгледа подобро, а при влез во судница со насмевка ги поздравил присутните.

Пред почетокот на рочиштето тој не ѝ се пожали на судијката дека не се чувствува добро, што е првпат откако почна судењето за Рекет.

На денешното рочиште ќе сведочат тројца бизнисмени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега