Димовски до Милевски: Ќе преземете ли нешто против пет-шест градоначалници – џамбаси, гавази и насилници

 

Милевски што вие лично мислите за пет-шест градоначалници кои се однесуваат како џамбаси, насилници и гавази во општините и што како министер сте спремни да преземете кон овие градоначалници, го праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски министерот за локална самоуправа Горан Милевски на седницата за пратенишки прашања.

– Против градоначалникот на Делчево, Горан, за кого медиумите објавија како пред приватна фирма наредил да се истури грдежен материјал. Што преземавте и дали имате намера нешто да преземете против градоначалникот на Шуто Оризари? Зошто не презедовте ништo за грдаоначалникот на Демир Хисар, кој јавно се заканувал на општинарите дека ги снимал и уценувал да гласаат за СДСМ? За градоначалникот на Крушево, кој се заканувал дека ќе тужи оти некој кажал дека е дебел? На градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар кои си поигруваше со возрасна госпоѓа и лажеше дека нешто направил на нејзината улица и последно, директно да одговорите дали инспекторатот ќе преземе драконски мерки кон оној џамбас од Лозово кој се изживува кон две хигиеничарки – праша Димовски.

Министерот за локална ќе одговори по паузата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега