Пешевска: Бараме итно извинување од Заев за говорот на омраза

СДСМ во паника од неминовниот изборен пораз шири говор на омраза и антисемитизам. Нападите на  функционери на СДСМ кон министерката во МТСП Рашела Мизрахи, на верска и национална основа, затоа што е Еврејка е еклатантен пример за говор на омраза. Ова го вели Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

- Мерсиха Смаиловиќ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, во стилот на нацистите на Хитлер, повика Рашела Мизрахи да биде обележана со давидова ѕвезда затоа што е Еврејка. СДСМ повикува на обележување и линч на македонските евреи како Рашела Мизрахи. Активистката на таканаречената шарена револуција Видана Бошкова Мицевска во стилот на Смаиловиќ ја нарече ВМРО-ДПМНЕ фашистичка партија, а Рашела Мизрахи Еврејка која соработува со нацистите.  Ваквиот говор на омраза на социјалните мрежи му се допаѓа на советникот на Заев, Зоран Бојаровски, кој платен од народни пари поддржува антисемитизам и ширење на омраза помеѓу граѓаните. Говорот на омраза кој го шири СДСМ во стилот на нацистите од минатиот век мора веднаш да престане. Нацизмот е поразен од Сојузниците, работа во која допринес и жртва дадоа македонските партизани, но очигледно неговите корени останале во одредени структури во СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира антисемитизам, говор на омраза на верска и национална основа кон никој. Затоа бараме итно извинување од СДСМ и Зоран Заев за говорот на омраза на нивните функционери, вели таа.

Ова ли е општеството на еднакви граѓани за кои лажеше Заев.

- Заев и СДСМ под итно да престанат со говорот на омраза.  Бараме владата веднаш да го разреши Зоран Бојаровски од функцијата Советник на премиерот, но и да ја разрешат Смаиловиќ од нејзината функција во партијата.  Доколку Заев и СДСМ не преземат чекори кон санкционирање на говорот на омраза се доаѓа до заклучок дека антисемитизмот и говорот на омраза е поддржан инструиран и донесен директно од врвот на СДСМ Ваквата политика на поделби ќе биде поразена на изборите на 12 април. Политиката на поделби е резултат на нервозата и стравот од пораз. Навредите и говорот на омраза се последната фаза од падот на СДСМ и Заев, додава таа на прес-конференција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.01.2020 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега