СДСМ со усна кривична пријава за министерката Канческа-Милевска

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција соопшти дека партијата поднесува усна кривична пријава до Јавното обвинителство против министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канчевска Милеска за проектот „Скопје 2014“ бидејќи имаат основано сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 од Кривичниот закон, за нанесена штета на Буџетот на РМ во вредност од над 3,5 милјарди денари.

- Се сомневаме дека спротивно на членовите 3, 4, 5 и член 8 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја (ЗМССО) министерката учествувала, поттикнала и ја злоупотребила својата функција на начин што во име на Министерството доставиле 13 иницијативи до општина Центар за подигање на 22 спомен-обележја, иако од содржината на истите и описот на ликовите даден во иницијативите произлегува дека се работи за изградба на меморијални споменици, за кои општината не е надлежна туку Собранието на РМ и тоа свесно знаејќи дека за секој споменик поединечно Собранието мора да донесе одлука и тоа со Бадентерово мнозинство, изјави Спасовски.

СДСМ побара МВР и Јавното Обвинителство итно да постапат за да се докаже дека немаат селективен пристап и дека сите се еднакви пред законот.

18.10.2013 - 15:16

најчитано сега