УЕФА ги одложи финалните натпревари во ЛШ и во ЛЕ

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) реши да ги одложи финалните натпревари во Лигата на шампиони и во Лига Европа поради пандемијата на коронавирус.

Натпреварот за титулата во ЛШ беше планиран на 30 мај во Истанбул, а за трофејот во ЛЕ на 27 мај во Гдањск. Новите датуми ќе бидат познати дополнително.

„Сè уште нема одлука за новите датуми. Работната група што ја формиравме во минатата недела ќе ги анализира можните опции. Веќе почна со разгледување на календарот и одлучи да бидат донесени во најскоро време“, соопшти УЕФА која пред неколку дена го одложи и Европското првенство за наредната година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега