ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија и им го честита членството во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита членството во НАТО, што преставува остварување на нашата стратешка определба и е резултат на исполнети реформи и вложен макотрпен труд на многу генерации претходно. НАТО преставува нашиот заеднички бедем и организација каде Македонија може да ги реализира нејзините стратешки интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Реалноста е дека македонските граѓани денес се чуствуваат понижени и обесправени, со огромна потреба од промени кои ќе донесат стабилна иднина, реформи и нов политички израз кој ќе значи промена на сликата за криминал, растечка корупција и воспоставување на политика на принципи и вредности.

ВМРО-ДПМНЕ како партија чиј фундамент е слободата, правдата и принципите ќе продолжиме да работиме и да се бориме за овие цели. Нашиот сон и нашата кауза за слободна и напредна Република Македонија е она на кое што се обврзуваме, а тоа значи дека нашата борба продолжува, затоа што Македонија го заслужува, потенцираат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега