ВМРО-ДПМНЕ: Огромен дел од граѓани предлагаат идеи за подобро здравје и спас од економската криза, се бара итни мерки од Владата

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните “вашите проблеми, заеднички решенија-ја сакам Македонија”, до нашата партија пристигнаа десетици сугестии, предлози и проблеми со кој се соочуваат граѓаните, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги пренесе дел од сугестиите кои до партијата пристигнале во изминатите 24 часа.

-Граѓанин посочува сведоштво за недоволна заштита на вработените во итната брза помош, која во овие моменти е на првата линија во заштитата на здравјето на граѓаните. Тој посочува дека ги нема потребните скафандeри за работа, но и има хроничен недостаток на медицински маски. Други граѓани посочуваат на штетноста на предлогот за кратење на платите во администрацијата на 14 500 денари, давајќи решение да се направи државно кратење на овластувањата и платите на функционирите на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат дека дебарец алармирал за недостаток на медицински маски и дезинфекциенти средства во градот.

-Друг граѓанин од Скопје посочува на предлог за карантин да се користат капацитетите кои се надвор од населените места:”Планинарските домови,караулите,и сите други сместувачки капацитети, што се далеку од населените места,да се пренаменат во простори за карантин и самоизолација.Каде само војската и полицијата би имала пристап до таму.”стои во реакцијата испратена во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

Во однос на економијата од ВМРО-ДПМНЕ велат дека бизнисминети алармираат оти е потребан брза реакција на Владата.

-Во една од реакциите на сопственик на таков бизнис стои ”аплеираме за помош во исплатата на платите на вработените (придонеси и плата) – никој не заслужува во оваа ситуација да остане без личен месечен надоместок, но најважно да не остане без здравствено осигурување. Како сопственици не бараме средства за себе, бараме помош за исплата на платите на вработените лица во институциите и помош да можеме да ги одржиме институциите во потребна финансиска кондиција како би можеле нормално да продолжиме да функционираме по завршувањето на ова криза” стои во реакцијата која пристигна до нас. Ова се само мал дел од пристигнатите проблеми, предлози и сугестии од граѓаните. Стручните тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разгледаат истите и за кус период тие за оние за кои ќе биде оценето дека се оддржливи во форма на предлози ќе бидат изнесени во јавноста, како и до владата и соодветните институции. Огромен дел од граѓани предлагаат идеи за подобро здравје и спас од економската криза, се бара итни мерки од владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега