ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија е клекната на колена, а буџетскиот дефицит од ден во ден е се поголем

Македонската економија е клекната на колена, а буџетскиот дефицит од ден во ден е се поголем, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Празните соопштенија на СДСМ нема да им помогнат, граѓаните ја согледаа нивната неспособност.

Причината за ваквата катастрофална економска состојба во која што се наоѓа Република Македонија е неспособноста, неодговорноста и расипничкото трошење на власта. 

Резултатот на тригодишното делување на криминалната банда на чело со аболицираниот Заев е денешната економска состојба, во која економијата за која тој тврдеше пред само два месеци дека блеска сега да колабира пред првата препрека, односно кризата поврзана со светската пандемија на корона вирусот.

За ова СДСМ ќе одговара пред граѓаните и пред името на правдата.

 

Одговорност за буџетската дупка и за лажните ветувања ќе има“ стои во реакцијата од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега