Советничка група до Шилегов: Доста позираш пред болничките шатори, фати се за суштинска работа
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје изразува згрозеност од популизмот и голото политиканство на Петре Шилегов.
-Тој од обично монтирање на болнички шатори прави фама и нема ден, а да не се слика пред еден од нив. Па така правеше пи-ар кога кажа дека ќе се рушат бараките до Инфективната клиника, потоа правеше пи-ар кога го израмнија платото од дури половина квадратен километар, па потоа прави пи-ар кога ги поставија шаторите од привремената болница која патем е донација добиена во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Кога снегот ги сруши шаторите од болницата прескокна со пи-ар неколку дена, за да овие денови повторно се наврати на истата тема, промовирајќи шатор по шатор. И додека Петре е фрлен на пи-ар Скопје е фрлено на милост и немилост на пандемијата со корона и е со најголем број заразени, велат од Советничката група.
Тие му порачуваат да се фати за суштинска работа.
-И дека позерот Шилегов прави пи-ар од шатори потенцијалната бомба е во гужвата во автобусите на ЈСП. Премногу е. Ако поради состојбата не ги коментираме детските игри на Шилегов, и се воздржуваме од критика, тоа не значи дека Шилегов може да ја навредува интелигенцијата на скопјани. Доста е позирање пред болничките шатори, Шилегов да се фати за суштинска работа, гужвата во јавниот превоз кој е потенцијална бомба за ширење на заразата. Тоа останува нерешлива енигма на градскиот татко кој е посветен на популизам а не ги решава потенцијалните жаришта кои се во негова надлежност. Доста позирање фати се за суштинска работа, порачуваат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа