Фондот ги намали цените на државните ПСР тестови за коронавирус - тестовите поскапеа во приватните болници

 

Фондот за здравствено осигурување ја повлече донесената одлука за референтна цена од 3.600 денари и донесе нова одлука со која новата цена на ПСР тестирање за КОВИД-19 ќе изнесува 1.500 денари, објави НОВА. Одлуката е донесена на Управен Одбор и во моментов се чека согласност од Министерот за здравство Венко Филипче, по што ќе биде објавена во Службен Весник, потврдија за НОВА од ФЗОРСМ.

Претходно, цената на ПСР тестовите изнесуваше 5.500 денари, а во Фондот велат дека оваа цена била историска, дефинирана уште во 2013 година.

„Таа цена беше формирана пред избивање на пандемијата, во услови кога се вршеа мал број на тестови. Со избивање на пандемијата на КОВИД-19, стручните служби на Фондот, врз основа на анализа, ја ревидираа цената на здравствена услуга ПСР тестирање и беше денесена Одлука за нова цена од 3600 денари. Заради јавно достапните информации дека во приватните лаборатории оваа здравствена услуга се наплатува 1500 денари, Фондот ја повлече донесената одлука за цена од 3600 и донесе нова со која цената на ПСР тестирање за КОВИД-19 ќе биде 1500 денари“, велат во Фондот за здравствено осоигурување.

Во исто време, кога Фондот ја намали цената на ПСР тестовите во јавното здравство, приватните лаборатории драстично ги зголемија цените на овие тестови.

Така на пример, цената во лабораторијата на Биотек, од 1.500 денари во март, сега се зголеми на 3.950 денари и е јавно достапна на нивната веб страна, објави НОВА.

И во клиниката Жан Митрев, новата цена на ПРС тестовите е зголемена на 3.950 од 1.500 денари, а од таму информираат дека одредувањето на новата цена се базира на новите трошоци и на ценовникот на услуги препорачан од Фондот за здравствено осигурување.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2020 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега