Кузеска: Мицкоски математички прецизно да пресмета колкава е разликата од 8.160 до 100.000 невработени

И во време на здравствена и економска криза, Христијан Мицкоски знае само за лажни вести и деструктивност, рече на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Таа рече дека последната лага на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е дека поради кризата со коронавирусот 100.000 лица останале без работа, а оваа лага е официјално демантирана од институциите.

„Агенцијата за вработување вчера соопшти дека од 13 март, денот кога започнаа превентивните мерки, па до 30 април, невработени станале 8.160 лица.

Од нив, повеќе од половина, односно 4.279 лица останале без работен ангажман поради истек на договор на определено време.

 Тоа е огромна разлика од лагите на Мицкоски.

Мицкоски, кој вели дека е добар математичар, може да каже математички прецизно колкава е таа разлика.

 Мицкоски нека пресмета и нека каже колку илјадници работни места тежи неговата лага?

 Колку е разликата од 100.000 до 8.160?

 Не му е првпат на Мицкоски да шири лажни вести и невистини. Исто така Мицкоски лажеше и дека имало само 100 теста за коронавирусот, а оттогаш се направени илјадници тестирања.

 Ако Мицкоски се дрзнува да лаже и манипулира со бројки кои се лесно проверливи, може да претпоставиме за што сè излажал и за што сè е подготвен да излаже.

 И покрај тоа што нивните лаги секогаш се официјално демантирани, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од пласирање на лажни вести.  Тоа е нивниот единствен начин на делување.

За таквото нивно неодговорно, несовесно и несериозно оценката ќе стигне од граѓаните. Нивните лаги и деструкции повторно ќе бидат поразени.“ рече на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега