Јанушев: Велес станува ново потенцијално жариште на коронавирус, потребни се мерки веднаш

Велес станува ново потенцијално жариште на епидемијата, вчера се регистрирани 9 нови случаи на заболени, а во претходните два дена регистрирани дополнително уште други 9, или само за три дена во Велес има 18 заразени. Велес за жал станува еден од најпогодените градови во Македонија со 95 заразени граѓани, и за жал, веќе го имаме четвриот починат велешанец од корона вирусот, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Потребно е ваднаш да се превземат конкретни мерки и да се направи поширок скрининг на подрачјето на Велес и околните населени места.

Дополнително, министерот Филипче треба да одговори зошто доцнат резултатите од тестирањата и по 5 дена, а има случаи и на губење на тестовите на граѓаните, па мораат по втор пат да се тестираат? Кој ќе понесе одговорност за ваквата несериозност?

Тоа што Филипче и властите не сакаат да го кажат излегува на виделина. Јавноста во Велес, како и ширум Македонија, јасно гледа дека оваа власт недоволно, задоцнето и аматерски се справува со сериозната епидемија. Мора поголемо внимание и помош за Велес!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2020 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега