СДСМ: Ниедна лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие вистината дека Мицкоски соработувал со Кичеец

Ниедна лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие вистината дека Мицкоски соработувал со Кичеец, лице осудено во случајот „Рекет“, реагираат од СДСМ на обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, дека Заев е прва виолина во случајот „Рекет“.

„Залудни и очајни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку бесмислени лаги и празни прес-конференции да ја сокрие вистината.

Таа е една и од неа ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне. Целата јавност слушна како Христијан Мицкоски директно се среќавал и соработувал со Зоран Милески Кичеец.

Токму Милески Кичеец, лицето кое бил извршител на Мицкоски е лице осудено во случајот познат како „Рекет“.

Потопени се лагите на ВМРО-ДПМНЕ, пропаднаа обидите на Мицкоски да ја сокрие неговата поврзаност со Кичеец и Орце Камчев и поврзаноста со случајот „Рекет“.

Наместо очајно се обидува да се одбрани од неодбранливото, Мицкоски да си го одржи зборот и сам да се пријави во истражниот затвор „Скопје“ како што вети.

Мицкоски е фатен жив во сопствените лаги и никој и ништо не може да му помогне да се ослободи од нив. Станува се појасно дека случајот познат како „Рекет“ води токму во белиот криминален дворец“, се наведува во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега