ВИДЕО: Таа е сопственичка на најубавите нозе на светот - кога ќе погледнете како вежба сè ќе ви биде јасно

Некогашниот ангел на Викторија Сикрет – 35-годишната Изабел Гулар од Бразил долго време ја носи титулата на жена со најубави и најдолги нозе на светот.

Добро знаеме дека за манекенскиот изглед е потребно одрекување од голем број работи и строга дисциплина, а тоа го потврдила и згодната Изабел која вели дека многу вредно работи на својот изглед. 

Она што е важно е што ваквиот војнички режим воопшто не ѝ смета и многумина ја знаат како личност која постојано вежба.

„Вежбам откако знам за себе. Вежбањето ми помогна полесно да се справувам со стресот, како на приватен, така и на професионален план. Вежбањето го сфаќам професионално како и својата работа. На моите тренери им велам дека секој тренинг сакам да го извршувам како да се спремам за натпревар”, изјавила манекенката во една прилика.

Изабел вежба секојдневно, а снимките од своите тренинзи секојдневно ги објавува на својот Инстаграм профил.

Манекенката најмногу вежба вежби за стомачни мускули, а од тренинзите во затворен простор најмногу сака пилатес, кикбокс, функционални тренинзи, но често трча и на отворено и вежба јога во природа.

 
 
 
View this post on Instagram

#BodyByIza Focus! Motivation! Dedication! Let’s do it  #BodyByIza Foco! Motivação ! Dedicação! Bora Galeraaaa 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart) on Apr 30, 2020 at 8:46am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега