Град Скопје: Вонредното прскање против комарци се одложува за во среда

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради денешното влошување на временските услови и најавите за нестабилност во текот на утрешниот ден, најавеното авионско прскање против комарци за утре се одложува за наредниот ден. „Вонредната авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 26.08.2020 година (среда) и на 27.08.2020 година (четврток), во раните утрински часови.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, информираат од Град Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега