Одложено најавеното прскање против комарци

 

 

Прскањето протов комарци што Град Скопје го најави за утре се одложува за среда поради временски услови.

-Вонредната авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 26.08.2020 година (среда) и на 27.08.2020 година (четврток), во раните утрински часови- наведуваат од Град Скопје.

Од Градот ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Од аероклубот за Канал 5 велат дека утре се очекуваат врнежи, па затоа прскањето се одложува за среда во 5 часот наутро.

Оттаму посочуваат дека средството е поефикасно пред дожд отколку после дожд.

 

Поради најавеното влошување на временските услови - ВОНРЕДНОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ СЕ ОДЛОЖУВА ЗА ВО СРЕДА Градот...

Posted by Град Скопје on Monday, 24 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега