Шилегов за Универзална: На нова локација да изградиме нов симбол на градот

 

Ќе бидам најсреќен ако можеме да ја рестравираме Универзална сала, меѓутоа многу поважно за мене е пред да почнеме со реставрација да започнеме со изградба на нов објект на нова локација, порача на денешната трибина за Универзална сала, скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Според него, на постојното место нема простор да се направи сала која ќе ги задоволи потребите на градот, затоа предлага да се гради нова поголема сала за која веќе одлучил локацијата да биде кај сегашните оранжерии на „Паркови и зеленило“.  

„Како дефинитивна одлука за локацијата, како градоначалник одлучив да биде кај сегашните органжерии на „Паркови и зеленило“, зашто мислам дека ако се влезе во изградба на нов мултимедијален објект, тоа треба да биде триумф на македонската архитектура. Затоа што просторот тука дозволува да изградите симбол на градот. Тука може да се реши и проблемот со летна сцена. Сакам до доцна есен да имаме дефинитивна слика и да влеземе во државното буџетирањето за 2021 година“, рече градоначалникот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2020 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега