Оштетено детското игралиште во Кисела Вода
Од несовесни граѓани вчера е оштетено новото детско игралиште во урбаната заедница „11 Октомври“, соопшти Општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода најостро ги осудува сторителите на ваквото дело и ги повикува граѓаните доколку забележат дека некој врши оштетување на јавните добра, урбана опрема, детски и спортски игралишта, веднаш да пријават во полиција.
– Да ги чуваме детските игралишта за да имаат каде да си играат, да се радуваат, да се развиваат и да се дружат дечињата, се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода.
27.08.2020 - 14:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа