Избегнете ги овие улици: Изменет сообраќаен режим утре во Скопје
Поради најавен протест утре од 15 часот до завршување, во централното подрачје на град Скопје, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим, информираат од СВР Скопје.
– Затворени за сообраќај од 15:00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: ул. „Кирил и Методиј“, бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“, ул.„11-ти Октомври“, ул.„Македонија“ и ул.„Даме Груев“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по бул.„Кочо Рацин“, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, бул.„Партизански Одреди“, ул.„Павел Шатев“, ул.„Антон Попов“ и други околни сообраќајници, информираат од МВР.
Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Протестот, како што информираат од СВР Скопје, е најавен и треба да почне во 17:00 часот пред зградата на ЕУ на бул.„Климент Охридски“ и ќе продолжи по бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“ до пред Собрание на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа