Убиен навивач на Партизан

Владимир Живковиќ од Нов Белград е убиен при судирот меѓу двата табота на „црно-белите" кој што се случил во дворот од основното училиште „Филип Вишниќ" на Карабурма, а телото на навивачот било пронајдено 20 метри од патот.

Според полицијата, навивачите ја договориле пресметката и во закажанот време се појавиле десетина припадници на двата табора. Живковиќ бил предводник на групата на „Забранети".

Во тепачката биле користени ножеви и палки. Според полицијата, Живковиќ се обидел да побегне од тепачката пресконувајќи ја оградата на училиштето, но тогаш бил забележан од еден од припадниците на спротивставената група кој го удрил од зад грб. Живковиќ потоа ја прескокнал оградата, ја преминал улицата, но кратко потоа паднал и починал. Полицијата ја повикале жители на блиските згради.

28.10.2013 - 11:19

најчитано сега