Ставревски: Економијата закрепунува - економскиот раст повисок од очекуваното

По редовната посета во Македонија, ММФ оцени дека македонската економија закрепнува, а растот е засилен и подобар од очекувањата.

- Ги подобривме прогнозите за развој во 2013 година на околу 2,5 отсто. Клучните двигатели на раст се јавните инвестиции, подобрите резултати на нето-извозот со важните или растечки придонеси на извозот од страна на странските мултинационални компании, истакна шефот на мисијата Ивана Влаткова Ковар.

И вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески рече дека македонската економија годинава заздравува подобро од очекуваното. - Резултатите во првите девет месеци се над проектираните што ни дава надеж дека до крајот на 2013 ќе може да оствариме подобри резултати, истакна Ставрески и додаде дека растот не е случаен, туку е генериран од владините политики и е директен резултат на извршувањето на јавните и капиталните инвестиции, како и на привлекувањето странски вложувања кои имаат добри перформанси во делот на извозот.

08.11.2013 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега