Најголемиот вибратор во Македонија: Кумановка се задоволува со 40 сантиметри

Најголемиот вибратор кај нас е во рацете на дама од Куманово и тоа долг ни помалку, ни повеќе туку точно 40 сантиметри, така барем тврди Валентина, директорката на секси-шопот "Либидо" и открива дека кај неа влегуваат луѓе од 7 до 77 години. Вели дека не се срами од оваа работа, туку напротив, со гордост кажува дека продава секс-артикли, додавајќи дека би се срамела да има продавница за цигари и алкохол, бидејќи на тој начин би ги труела луѓето и ќе им го скратува живот

"Постојано со шефот на продажба Милена се расправаме за револуционерни продукти и во една прилика нарачав еден пенис, колку потколеницата на мојот сопруг - 40 сантиметри, а дебел околу 10-15 сантиметри. Со неа буквално водевме дебата, таа беше цврсто убедена дека овој пенис нема да се продаде. А јас, наместо еден, нарачав три кои успешно ми се продадоа. Два надвор од границите на Македонија, односно во Косово, а третиот го купи една кумановка. Од тогаш стално нарачувам, а замислете за овие пениси се интересираше и нашиот најстар клиент кој има околу седумдесетина години", раскажува Валентина и објаснува дека не се срами од работата, туку напротив, со гордост кажува дека продава секс-артикли.

"Јас би се срамела да имам продавница за цигари и алкохол, бидејќи на тој начин ќе ги трујам луѓето и ќе им го скратувам живот. А сега, во мојата продавница, опремена со секс-помагала, луѓето доаѓаат да си причинат задоволство, радост, да си играат... Замислете, би се убила да продавам вино или цигари", додава директорката на "Либидо".

Целиот текст прчитајте го во Вечер

10.11.2013 - 23:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега