САД се запозна со инвестициските потенцијали на Македонија

САД се запозна со инвестициските можности на Македонија. Во рамки на јубилејната 15-та конференција во организација на Здружението на авторизирани производители на автомобилски компоненти, ОЕSA 2013 Outlook Conference што синоќа се одржа во Детроит, Македонија ги презентираше своите инвестициски потенцијали пред околу 750 делегати меѓу кои и најважните производители на автомобилски компоненти и возила од Северна Америка, Европа, Азија, како и од Јужна Америка. 

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, во придружба на економскиот промотор во Детроит, Дејан Величков, ги претстави поволностите за инвестирање во Македонија.

- Со остварените контакти на овој настан се зголемуваат можностите за влез на странски инвестиции од автомобилската индустрија во земјава, стои во соопштението од Дирекцијата за ТИРЗ. 

Во рамки на Конференцијата, биле остварени и поголем број средби со компании со кои веќе подолго време се разговара за реализација на конкретни инвестициски проекти.

13.11.2013 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега