Скандал во Словачка: Наставничка имала секс со малолетник
Голем скандал ја потресе Словачка. Наставничка од словачкиот град Хумене сексуално искористувала малолетник на кој му предавала, а најверојатно и носи дете од него.
Како што јавува МИА, 31-годишната наставничка имала сексуална врска со 12-годишен ученик, поради што сега и се закануваат 12 години затвор.
Официјалните органи, не ги потврдуваат информациите на некои медиуми дека наставничката е бремена. Според изјавите на бабата на малолетниот ученик, наставничката ги привлекувала симпатиите на детето постепено, канејќи го на сладолед и прошетки со велосипед.
14.11.2013 - 12:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа