Скопје: Пристап до интернет имаат 83,7 отсто од домаќинствата
Во првото тримесечје од 2021 година, 83,7 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата според типот на населеното место со широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства e 87,1 процент во 2021 година.
Во првото тримесечје од 2021 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 86,4 проценти, а 80,5 проценти го користеле секој ден или речиси секој ден.
Според ДЗС, 46,3 проценти од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.
19.11.2021 - 14:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа