ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за ревизија на Скопје 2014 беше само хајка на Жерновски

 ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека се навршија точно 6 месеци од почетокот на формирањето и работата на долго најавуваната Комисија на Градоначалникот Андреј Жерновски  за ревизија на проектот Скопје 2014-та.

 

          - Иако Жерновски најавуваше дека работата на оваа комисија ќе заврши за само 90 дена, тие и по работа долга 180 дена не открија ништо незаконски и нелегално во овој проект. Со ова се потврдува дека комисијата беше создадена со популистички намери, и дека нејзиното формирање е само хајка која се користеше за политички цели, без аргументи и докази, велат од ВМРо-ДПМНЕ.

 

Од партијата додаваат дека ова е еден од главните аргументи за критика на Жерновски и неговата коалиција предводена од СДСМ. На овој начин се поврдува дека СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски ја лажеле јавноста со низа измислици и неаргументирани критики. Комисијата на Жерновски освен по скапите дневници исплатени на нејзините членови  не може да се памети по ништо друго делотворно.

18.11.2013 - 16:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега