ВМРО-ДПМНЕ: БРТ на Шилегов ќе го загрозеше водоснабдувањето на Скопје и можеше да предизвика сериозна хаварија

 

Системот на БРТ што Шилегов го проектираше е несоодветен за Скопје од просторни причини, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-БРТ требаше да поминува по централното зеленило во на булеварот Партизански одреди, под кое се наоѓа централната цевка за снабдување со вода на градот, врз која нема извршено никакви зафати за дополнително зајакнување и пристап. Имено доколку истата се зајакнува со дополнителни прегради тоа ќе чини дополнителни 20 тина милиони евра кои не се предвидени во проектот на Шилегов, но и ќе кма потреба од регулирање на пристап до истата во случај на дефект, што исто така не е регулирано со проектот на Шилегов. При најмал дефект трасата на БРТ ќе треба да биде вонсообраќај. А при поголем дефект може да се доведе нормалното функционирање на Скопје во прашање, се вели во дописот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот градоначалник немал предвидено нов мост над Вардар од Карпош кон Влае, бидејќи постоечкиот нема простор за БРТ системот.Тоа, според партијата, се нови потреби за кои не се предвидени пари.

-Првичниот проект кој според Шилегов и СДСМ треба да чини 70 милиони, може многу лесно да не може да се заврши ниту со двојно повеќе пари, затоа што е правен нестручно и без да се земат во предвид бројни пропратни проблематики. Скопје има потреба од трајни обмислени решенија, а не аматеризам како што правеше СДСМ, се вели во дописот.

18.12.2021 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега