Американски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски заедно со владина делегација деновиве го продолжи владиното роуд-шоу во Америка. На форумот кој се одржа во Минеаполис американски компании пројавиле интерес да инвестираат во производство на медицинска опрема, компоненти за возила и информатичка технологија во Македонија. 

На Форумот присуствувале претставници на 40 компании, а биле остварени и директни средби со претставници на неколку глобални компании со седиште во околината на Минеаполис, кои се занимаваат со производство на специјални возила, како и медицински производи. Економскиот тим ги презентирал можностите за инвестирање во Македонија.

Минеаполис беше последен од неколкуте градови во Среднозападниот регион на САД кои ги посети делегацијата за време на ова инвестициско роудшоу.

 

20.11.2013 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега