Нова фонтана ќе го краси плоштадот Македонија

За краток период ќе се почне со реконструкција на скопскиот плоштад и изградба на новата современа фонтана која што ја најави Градот Скопје. Како што пренесува Курир, таткото на Град Скопје, истакна дека електронската аукција е веќе завршена, фирмата е избрана и се чека само на потпишување на договорот. 

-Се чека се уште оној период од 12 дена, во кој се информираат останатите кои доставиле понуди. После тоа ќе се потпише договорот, ќе се прават планови и јас се надевам дека многу брзо ќе почне реконструкцијата на плоштадот, истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Новата фонтана ќе се наоѓа на просторот меѓу Камениот мост и Воинот на коњ. На истото место најавени се подлоги од мермерни коцки, а на истата ќе има прскалки, нови клупи, канделабри и корпи за отпадоци. 

Проектот за изградба на фонтана и реконструкција на плоштадот ќе се реализира со 2/3 финансиски средства од Владата и 1/3 од буџетот на Град Скопје.

20.11.2013 - 12:20
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега