Фудбалерот во шок: кога се вратил во домот во Франција начекал голи ѕидови: Крадците му го земале дури и мебелот
Голманот на фудбалската репрезентација на Србија, Предраг Рајковиќ, доживеал шок кога се вратил во Франција. Рајковиќ изминатите денови со српскиот национален тим играше контролни натпревари со Унгарија и Данска.
По враќањето во Ремс, открил дека бил ограбен. Крадците од неговиот стан однеле буквално се. „Телеграф“ објави дека кога влегол во станов внатре затекнал само голи ѕидови.
Крадците покрај гардеробата, накитот го однеле и мебелот.
Во текот на грабежот во станот немало никој, бидејќи сопругата на голманот, била во Србија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
31.03.2022 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа