Најпопуларните и најискрените цитати на легендарниот Џамбазов

Прочитајте дел од најпопуларните и искрени цитати на легендарниот Игор Џамбазов:

-Не е доволно само да си признаеш. Не е доволна искреноста само кон себе. Поважна е искреноста кон другите.

 

-Моето оружје, пријателе, е меморијата. Сè уште. Сè уште ми работи бојлерчето. Имав и други ефикасни оружја кои сега ми се застарени од неактивност. Глумата, блузот, стиховите, вицовите. Оружје ми се пријателите. Оние малкумина што ми останаа. Со нив, во овој момент се чувствувам како да сум дел од непобедлива војска. Како дел од некој специјален одред.

-Не можат тие толку да ме изнервираат, колку што јас можам да истрпам. Забораваат една важна работа. За разлика од сите други, јас немам што да загубам. Удавено магаре од мечка не се плаши.

-Еднаш се живее, но два пати се умира.

-Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро.

-Ама пријателе мој, и ти сигурно знаеш дека мајката не го карала синот кога игра комар, туку кога сака да се извади.

-И кога сите бродови ќе ти потонат, најди едно поле. Поле широко. Па, затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и… диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки. Да научиш нешто од себе. Она што веќе си го искусил.

 

24.11.2013 - 11:47
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега