Повеќе мобилни телефони отколку луѓе во светот

До крајот на 2014 година бројот на мобили уреди ќе го надмине бројот на луѓе во светот, се истакнува во извештај на агенција на ОН.

Меѓународната унија на телеком (ИТУ) предвидува дека бројот на претплати за мобилни телефони во почетокот на идната година ќе го надмине бројот од седум милијарди.

Во моментот бројот на претплати за мобилни телефони изнесува 6,8 милијарди, а бројот на луѓе 7,1 милијарда.

Во извештајот на ИТУ за 2013 година исто така се наведува дека над една третина од светското население користи Интернет.

Заедницата на Независни Држави (ЗНД), сојуз на земји кои некогаш го сочинуваа СССР, има најголем број мобилни телефони, со 1,7 претплати по лице, а Африка најмалку со 63 претплати на сто жители.

Европа има најголем број онлајн конекции (75 отсто), по што следуваат САД (61 отсто), Азија (32) и Африка (16 отсто).

најчитано сега