Поплавен рудник за јаглен во Мексико: Заробени се 10 рудари

 

Најмалку 10 рудари се заробени во поплавен рудник за јаглен откако се урна внатрешен ѕид, соопшти Министерството за безбедност и цивилна заштита на Мексико.

Според извештаите, тројца рудари биле спасени и префрлени во болница, пренесува „Ројтерс“.

Владата на сојузната држава Коахуила објасни дека до колапсот дошло откако рударите пробиле област полна со вода.

04.08.2022 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега