Како на филм: Гостиварско семејство спречило грабеж

Вистинска драма се одвивала синоќа во Гостивар. Тројца засега непознати маскирани разбојници се обиделе да ја ограбат семејната куќа на гостиварско семејство лоцирана во населбата „Седма зона“.

Во куќата на семејството кое важи за поимотно и има менувачница, разбојниците влегле додека внатре биле сопругата, мајката и синот на сопственикот, а поради присебноста на домаќините кои успеале да повикаат полиција и Брза помош и да го активираат алармот, крадците не успеале да земат ништо, но за жал ги повредиле мајката и синот. Крадците влегле додека жената ја оставила вратата отверена за да фрли ѓубре, влегле со пиштол и се обиделе да ги врзат со леплива трака, но за среќа домаќинката го активирала алармот.

- Не е одземено ништо, но повреди имаат и мајка ми и синот. Сите се под голем стрес, изјави таткото, А.Ф. пренесе МИА.

 

06.12.2013 - 11:00
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа