Тетовчани си се возеле со такси па платиле со фалсификувана банкнота

48-годишниот М.И. од Тетово вчера пријавил во полиција дека две лица кои се качиле во неговото такси-возило се обиделе да му платат со фалсификувана банкнота од 1000 денари.

Според полицијата, вчера околу 21:30 часот две помлади непознати лица побарале со неговото такси возило таксистот да ги однесе од селото Синичане до угостителски објект на улицата „Илинденска“ во Тетово, а потоа му платиле со банкнота од 1.000 денари на што тој им вратил кусур од 880 денари. Веднаш откако двајцата непознати заминале таксистот забележал дека банкнотата е фалсификат по што почнал да трча по двајцата и стигнал еден од нив кој му ги вратил парите што ги добил како кусур но не сакал да ја земе фалсификуваната банкнота назад по што заедно со својот другар избегале. 

Таксистот веднаш го пријавил случајот во полиција.

06.12.2013 - 12:05
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа