Компании од Израел заинтересирани да инвестираат во Македонија

Компанијата НИР од Израел, која се занимава со производство и преработка на земјоделски производи, е заинтересирана за инвестирање во Македонија.

Претставници на компанијата денеска се сретнаа со ресорниот министерот Љупчо Димовски и со министерот без ресор, задолжен за странски инвестиции Џери Наумоф од кои ги слушнаа можностите за инвестирање во земјава. 

Дојдени се, рекоа, за директно да  се запознаат со можностите за производство, откуп преработка и извоз на јаткасти овошни производи и проширување на нивната дејност во земјава.

- Поради поволните климатски и почвени услови, во Македонија, за разлика од другите земји во регионот, се произведуваат земјоделски производи кои се препознатливи и на европските пазари, а тоа пред се се должи на строгата фитосанитарна контрола и на употребата на современи агротехнолошки мерки, истакна министерот Димовски и додаде дека Македонија најголемиот извоз го реализира на ЕУ пазарите, но во последните неколку години го освојува и рускиот пазар каде се бележи огромно зголемување на палсманот. 

06.12.2013 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега